И ПО ТЕАРЦЕ ВМРО-ДПМНЕ СО 51 ПРАТЕНИК, СДСМ СО 49

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И ПО ТЕАРЦЕ ВМРО-ДПМНЕ СО 51 ПРАТЕНИК, СДСМ СО 49

    ВМРО-ДПМНЕ остана со 51 пратеник, а СДСМ со 49 откако денешното прегласувањето во Теарце не го смени соодносот на освоени мандати на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

    Во изборното место 2011 во Теарце, каде Управниот суд го поништи гласањето, денеска гласаа 402 граѓани, од кои за СДСМ – 245 и за ВМРО-ДПМНЕ -149, според податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија. Два гласа доби ВМРО за Македонија, а по еден – ДУИ, ДПА и Алијанса за Албанците.

    Ваквиот резултат не смени ништо за распределбата на мандати во шестата изборна единица, каде се наоѓа Теарце. ВМРО-ДПМНЕ остана со 4 мандати, еден повеќе од СДСМ. За промена на соодносот на мандати, потребно беше СДСМ да освои 307 гласови повеќе од ВМРО-ДПМНЕ.

    Во новиот парламент, чија прва седница треба да се одржи до 31 декември, покрај двете најголеми партии, влегуваат уште ДУИ со 10 пратеници, Беса со 5, Алијанса за Албанците со 3 и ДПА со 2.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира