ПО ЗАМЕНИЧКАТА НА ШАЌИРИ ОД ДУИ КОМУ МУ СЕ СЛОШИЛО ТРГНАЛ ВОЗАЧ, ПА СЕ ВРАТИЛ, ТВРДАТ ОД ДУИ ЗА ГЛАСАЊЕТО ЗА ИМУНИТЕТОТ НА ВЕЉАНОСКИ

    ПО ЗАМЕНИЧКАТА НА ШАЌИРИ ОД ДУИ КОМУ МУ СЕ СЛОШИЛО ТРГНАЛ ВОЗАЧ, ПА СЕ ВРАТИЛ, ТВРДАТ ОД ДУИ ЗА ГЛАСАЊЕТО ЗА ИМУНИТЕТОТ НА ВЕЉАНОСКИОд вчерашната седница на Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања на која што се гласаше 4:4 за барањето на судот за симнување на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, осомничен за организација на нападот на Собранието на 27 април 2017. (Фото: К. Попов)

    Координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Аљими тврди дека синоќа околу 21 часот тргнал возач да ја земе пратеничката Мирсада Асани-Емини од Чегране да гласа место колегата на кој му се слошило, но се вратил, зашто претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски ја прекинал седницата.

    Аљими тврди дека било договорено Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за симнувањето на имунитетот на осомничениот пратеник Трајко Вељаноски да гласа во 23 часот. Но, место така, Богоевски предлогот за имунитетот го ставил на гласање во 21 часот и се изгласало 4:4, без членот од ДУИ Агим Шаќири кому во 19 часот му се качил притисокот накај 200 и останал во болница.

    „Зошто предвреме се прекина работата на мандантно-имунитетната комисија синоќа? Синоќа околу 19:00, по дводневната работа во комисијата за судското барање да се одземе имунитетот на пратеникот Вељаноски, на пратеникот Агим Шаќири му се слоши и заврши во Клиничкиот центар во Скопје. Лекар му препиша терапија и му нареди да остане во болница вечерта. Го посетивме и синоќа и утринава. Соочувајќи се со оваа ситуација, околу 21:00 часот кога требаше да продолжи седницата по паузата, ја побаравме заменичката на Агим, пратеничката Мирсада Емини-Асани од Гостивар за да го замени Агим. Испративме возач да ја земе нашата пратеничка и да ја донесе, но околу 21:30 часот, неочекувано и не според договореното, комисијата прекина со работа и ја стави одлуката на гласање без да ја почека нашата пратеничка која ќе пристигнеше околу 22:30 часот, додека рокот истекуваше на полноќ“, напиша утринава Аљими на Фејсбук.

    Тој тврди дека претходно биле договорени да ја завршат седницата во 23 часот, кога требало, според него, да се гласа по одлуката.

    „Со помин на Агим“, пишува Алими утрово на фејсбук профилот.

    Мирсада Асани-Емини не одговара на телефонските повици. Место неа, се огласи Аљими.

    Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања гласаше 4:4 за барањето на судот за симнување на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, осомничен за организација на нападот на Собранието на 27 април 2017.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари