ПОЧЕСНАТА ГАРДА ЈА ОТСВИРИ „ЈОВАНО, ЈОВАНКО“ ВО ЗНАК НА ПОЧИТ КОН МИНИСТЕРКАТА ПЕТРОВСКА, ВЕЛАТ ОД БРИТАНСКА АМБАСАДА

    ПОЧЕСНАТА ГАРДА ЈА ОТСВИРИ „ЈОВАНО, ЈОВАНКО“ ВО ЗНАК НА ПОЧИТ КОН МИНИСТЕРКАТА ПЕТРОВСКА, ВЕЛАТ ОД БРИТАНСКА АМБАСАДАМинистерката за одбрана Славјанка Петровска вчера беше во прва официјална посета на Обединетото Кралство и имаше средба со британскиот државен секретар за одбрана Бен Волис. (Фото: Министерство за одбрана)

    Британската амбасада во Скопје вели дека британската почесна гарда вчера отсвири сегмент од македонската народна песна „Јовано, Јованке“ во знак на почит кон македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска, а национална химна се свири само при пречек на шефови на држави.

    Ваквата реакција на амбасадата доаѓа по бројните напади од опозициските тролови на социјалните мрежи, кои злонамерно тврдеа дека несвирењето на химната е понижување за македонската министерка, но и за македонската држава, а згора на тоа беше навредуван и физичкиот изглед на министерката.

    „Вчера, министерката Петровска беше пречекана со почесна гарда составена од Колдстримската гарда кога пристигна на средба со министерот за одбрана на Обединетото Кралство. Како што е вообичаено за ваквиот вид на гарда на почетокот беше отсвирен музичкиот сегмент „Скорпиус“. Во знак на почит, пред министерката да ги поздрави гардистите, беше отсвирен и сегмент од македонска народна музика, „Јовано, Јованко“. Национална химна се свири само кога почесната гарда пречекува шефови на држави“, соопштија од Британската амбасада во Скопје.

    Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчера беше во прва официјална посета на Обединетото Кралство и имаше средба со британскиот државен секретар за одбрана Бен Волис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира