ПОЧИНА 62-ГОДИШЕН МАЖ ПО КОМПЛИКАЦИИ ОД ГРИП ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА, БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ НАМАЛЕН ЗА 12 ОТСТО

    ПОЧИНА 62-ГОДИШЕН МАЖ ПО КОМПЛИКАЦИИ ОД ГРИП ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА, БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ НАМАЛЕН ЗА 12 ОТСТОВо текот на сезоната на грип регистрирани се четири починати лица асоцирани со грип. (Фото: К. Попов)

    Во периодот од 26 јануари до 1 февруари, пријавено е едно починато лице асоцирано со грип, соопшти Институтот за јавно здравје во неделниот извештај. Станува збор за 62-годишен маж од Тетово кој бил хоспитализиран на Инфективното одделение на Клиничката болница  во Тетово. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Лабораториски е потврдена Инфлуенза А. Во текот на сезоната на грип регистрирани се четири починати лица асоцирани со грип

    Во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија се пријавени 1.498 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 12,3% помалку во споредба со претходната недела , кога биле 1.708. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со петтата недела од минатата сезона (3.036) е намален за 50,7%, а во споредба со бројот за петтата недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 15 сезони) (2.656), намален е за 43,6%.  Во текот на петтата недела од 2026, регистрираната инциденца е во рамките на ниска активност.

    Во однос на возрасната дистрибуција, 866 лица се на возраст од 15-64 години, 247 се деца на возраст од 5-14 години, 224 се лица на возраст над 65 години, 161 – деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца (166,8/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

    Најмногу заболени има во Скопје – 473, во Прилеп – 146, Струмица – 139, Охрид – 99, Битола – 77, Штип – 70, Тетово – 63, Гевгелија – 61, Куманово – 59, Дебар – 43, Велес 36, а во Радовиш, Кичево, Кавадарци, Струга, Гостивар, Ресен, Неготино, Свети Николе, Кратово, Крушево, Виница, Демир Хисар, Пробиштип, Кочани, Македонски Брод, Пехчево, Валандово, бројот на заболени е помал од 30. Во Берово, Делчево и Крива Паланка нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип.

    Во сезоната 2025/2026, вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 11.415 . Во споредба со истиот период од минатата сезона (н=8.734), бројот на пријавени случаи е зголемен за 30,7%, а во однос на моделот од последните 15 сезони (12.278) се регистрира намалување од 7,0%. Во текот на сезоната на грип, р.о текот на петтата недела од 2026 година продолжува трендот на намалување на бројот на заболени и инциденцата на заболувања слични на грип на неделно ниво. Пријавената неделна инциденца е во рамките на ниска активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална географска активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10% осум недели со ред. Согласно овие податоци, во Македонија има среден интензитет на вирусот на грип. Заклучно со петтата недела, во Македонија, вакцинирани се вкупно 79.105 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира