ПОЧИНА 70-ГОДИШНИК ОД ЛАБУНИШТА, НОВИ 7 ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, НЕМА НОВ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ

    ПОЧИНА 70-ГОДИШНИК ОД ЛАБУНИШТА, НОВИ 7 ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, НЕМА НОВ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕПочина пациент од Лабуништа на 70-годишна возраст, кој во тешка состојба бил хоспитализиран на 8 април во болницата „8 Септември“ и веднаш приклучен на респираторна машина. (Фото: СДК.МК)

    Излекувани се 24 пациенти кои се лекуваа во домашни услови, стои во дневната статистика на Институтот за јавно здравје, вели Министерството за здравство. Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациент од Лабуништа на 70-годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина. Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2.

    Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.231, од кои излечени 224, починати 55, а активни 952 случаи.

    Последната дистрибуција по градови е:

    Скопје – 411
    Куманово – 340
    Дебар – 51
    Штип-34
    Прилеп –117
    Тетово – 60
    Струга – 55
    Велес – 59
    Битола –17
    Охрид –15
    Кавадарци – 4
    Гостивар –13
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-4
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 28
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -2
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2
    Пехчево- 1

    Во изминатото деноноќие направени се 207 теста. Преку ИЈЗ –201, преку Ветеринарен факултет -0, Авицена –0, Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –6 и Систина со ПЦР метода -0. Досега во земјата се направени вкупно 12.340 тестирања на КОВИД -19.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани вкупно 60 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка, а 4 се на механичка вентилација.

    Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 45 пациенти. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти, а 5 пациенти се на респираторна машина.

    Во Битола се хоспитализирани вкупно 13, а на домашно лекување се следат 15 пациенти. Во болницата во Штип, на болничко лекување се 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира