ПОЧИНА 79-ГОДИШЕН МАЖ ОД ДЕБАР, 9 ПАЦИЕНТИ ИСПИШАНИ ОД ИНФЕКТИВНА

    ПОЧИНА 79-ГОДИШЕН МАЖ ОД ДЕБАР, 9 ПАЦИЕНТИ ИСПИШАНИ ОД ИНФЕКТИВНАВо изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата, со што вкупната бројка е 285. (Фото: К.Попов)

    Почина уште еден пациент од коронавирус, а регистрирани се 26 нови случаи со што бројката на вкупно дијагностицирани пациенти е 285. Како што информираат од Министерството за здравство, 9 пациенти се излекувани и испишани од болничко лекување. Со тоа, бројката на излечени пациенти е 12, а на починати 7.

    Пациентот кој почина утрово е 79 годишен маж од Дебар кој бил хоспитализиран на Инфективна клиника на 25 март. Пациентот е дијагностициран позитивен на КОВИД-19 на 23 март, а два дена подоцна со влошена здравствена состојба бил примен на Инфективна клиника.

    „Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти и тоа 8 од Дебар и 1 од Скопје, кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома. Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата“, велат од Министерството за здравство.

    Од Министерството објаснуваат дека прават огромни напори навремено, транспарентно и точно да ја известуваат јавноста и да комуницира со медиумите.

    „Со оглед на зголемениот обем на работа и информации и се поголемиот број на тестирања во повеќе лаборатории кои ги доставуваат своите извештаи до Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство известува дека од утре 31 март, ИЈЗ ќе ја доставува статистиката на денот за бројот на новозаболени до 15:00 часот за што Министерството за здравство веднаш ќе испрати информација до медиумите. Во овие моменти е неопходно е да имаме точни, проверени и прецизни податоци и за таа цел го поместуваме времето за известување“, велат од Министерството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира