ПОЧИНА ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ ИСКАСАНО ОД КУЧИЊА

    ПОЧИНА ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ ИСКАСАНО ОД КУЧИЊА

    Четиригодишното дете од кичевското село Бачишта, кое во четвртокот претпладне беше нападнато и искасано од глутница кучиња, почина денес попладне на скопските клиники.

    Како што информираат болнички извори детето било донесено со тешки повреди на стомакот, скршеници на градниот кош и на черепот. По четричасовна операција на детето му беа извадени слезината и еден бубрег, по што е ставено на апарати на интензивна нега на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

    Поради сериозноста на повредите, како што објаснуваат од скопските клинки детето цело време било во живото загрозувачка состојба, бидејќи кучињата му нанеле тешки повреди и била загрозена функцијата на повеќе витални органи.

    Детето било нападнато од кучињата во четвртокот претпладне, кога излегло од неговиот дом и се обидело преку нива да дојде до соседната куќа, каде бил неговиот татко. Кучињата кои го нападнале детето дошле од соседната штала, во сопственост на 49 годишен жител на село Бачишта, а потоа им се приклучиле и кучиња скитници.
    МВР најави дека против сопственикот на кучињата ќе поднесе пријава.

    Oд полициската станица во Kичево велат дека подолого време имаат проблем со напади од кучиња. Само годинава во оваа полициска станица пријавени се десет случаи на напади од кучиња, од кои шест во градот, а четири во село Бачишта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира