ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА РАДИО И ТВ СПИКЕРКА БРАНКА СТАНКОВСКА

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА РАДИО И ТВ СПИКЕРКА БРАНКА СТАНКОВСКАСтанковска го најави првиот ТВ пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964, што е почеток на програмата на ТВ Скопје.

    Бранка Станковска, легендарната радио и тв спикерка и водителка, почина денеска во Скопје, потврди семејството. Имаше 90 години.

    Станковска целиот работен век од 39 години (1948-1987) го помина во Македонската радиотелевизија. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна, на 14 декември, Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски Весник, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.

    Нејзиниот глас сè уште се слуша на радиопрограмите, особено во популарниот џингл „Точно е 12 часот“.
    Беше активна и по пензионирањето, особено во обуките на млади кадри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира