ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ ФЕРУС МУСТАФОВ 

    ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ ФЕРУС МУСТАФОВ Мустафов ќе биде погребан во Штип, каде е роден и каде последните години живеел со семејството. (Фото: СДК.МК)

    Ноќеска на 72 години, по кусо боледување почина легендарниот музичар Ферус Мустафов.

    Мустафов ќе биде погребан во Штип, каде е роден и каде последните години живеел со семејството.

    Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет.

    Мустафов беше многу популарен во земјава и пошироко на Балканот поради неговиот репертоар на балканска народна и ромска свадбена музика. Има издадено над 20 албуми и безброј самостојни концерти во земјава и во светот, но и настапи на светски музички фестивали, каде често свирел и со славни џез музичари, со кои соработувал и на албуми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира