ПОЧИНА НЕВРОХИРУРГОТ ЈОВИЦА УГРИНОВСКИ

    ПОЧИНА НЕВРОХИРУРГОТ ЈОВИЦА УГРИНОВСКИУгриновски беше и долгодишен претседател на Федерацијата за планинарство на Македонија. (Фото: Фејсбук)

    Неврохирургот проф. д-р Јовица Угриновски почина на 77 години по тешко боледување, објави приватната клиника „Неуромедика“. Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на клиниката.

    Угриновски е роден во Скопје, во 1945. Специјализирал неврохирургија во Скопје (1975), завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје (1977), Манчестер (1978) и Братислава (1981), магистрирал (1978) и докторирал (1986). Придонел во воведувањето на проспективниот предвидувачки скоринг систем во неврохирургијата и методот на премостување на крвните садови во мозокот. Издал повеќе од 140 научни трудови и 6 книги.

    Угриновски го оперираше претседателот Киро Глигоров кој беше повреден во атентатот на 3 октомври 1995.

    Тој беше пасиониран планинар и долгодишен претседател на Федерацијата за планинарство на Македонија. Во 1996 беше кандидат за градоначалник на Скопје предложен од СДСМ .

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира