По кратко боледување, на 42 години почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Тој беше дел од „Канал 5“ ТВ од 2007 до 2018, каде што беше и уредник во Информативната редакција.
Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.
Изминатите пет години работеше во маркетинг секторот.