Новинарот Иван Андреевски-Маче ненадејно почина вчера на 77 години, соопшти Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).
Роден во 1947 во Доленци, Демирхисарско, Андреевски новнарската кариера ја почна во Радио Телевизија Скопје, веднаш по завршувањето на факултетот за политички науки во Белград во 1971, како новинар во документарната редакција, работејќи на репортажи, документарни филмови и фељтони. Бил директор и одговорен уредник во Радио Телевизија Скопје од 1986 до 1990, бил ангажиран и како дописник на Ројтерс, Радио Слободна Европа и Јутел, а своевремено член и претседател на Советот за радиодифузија. Во Македонската радио телевизија е основач на скопската програма и утринската програма.
Од 1997 до 2006 беше претседател на ЗНМ, а добитник е и на наградата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“.
Погребот ќе биде на 21 јуни, во неговото родно село Доленци.