По кусо боледување, денеска на 64 години почина новинарот Предраг Димитровски-Пепи. Димитровски беше новинар со долгогодишно искуство во новинарството. Долги години работеше во весникот „Вечер“, каде од 2005 до 2006 беше главен и одговорен уредник. Потоа работеше и во дневниот весник „Дневник“, а беше и член на државната Комисија за лустрација и одговорен за односи со јавност.
Последните години од кариерата ги помина во „Република“ и „Пресинг ТВ“, каде што специјалност му беа темите поврзани со односите со Бугарија.
Добитник е на повеќе награди од областа на новинарстото.