ПОЧИНА ПЕЈАЧКАТА ЉУПКА ДИМИТРОВСКА

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Загреб,(разниизвори)

    ПОЧИНА ПЕЈАЧКАТА ЉУПКА ДИМИТРОВСКА

    Македонската пејачка Љупка Димитровска почина вчера на 70 години по куса и и тешка болест, јави Унијата на хрватски музичари.

    Љупка Димитровска е родена во Скопје во 1946 година и беше великан на забавната музика на просторите на поранешна Југославија, а врвот на нејзината популарност беше во 70-те и 80-те години од минатиот век.

    Првиот албум на Димитровска, која се до нејзината смрт живееше и работеше во Загреб, беше насловен „Љупка“ и објавен во 1975 година. За речиси половина век на музичката сцена, таа остави многу хитови, од кои најголем дел беа напишани од нејзиниот покоен сопруг Никица Калоѓер. Како уметница се афирмираше не само во бивша Југославија, туку и во Источна Германија, Чехословачка, Грција, Франција и многу други земји.

    На македонски јазик, најголем хит на Љупка Димитровска беше „Ѕвонат, ѕвонат“. Со песната „Адио“ освои прво место на фестивал на Атина во 1970 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира