ПОЧИНА ПРОФ. ДАГМАР ОРОВЧАНЕЦ, ИСТАКНАТ ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГ ОД СКОПЈЕ

    ПОЧИНА ПРОФ. ДАГМАР ОРОВЧАНЕЦ, ИСТАКНАТ ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГ ОД СКОПЈЕПроф. Дагмар Оровчанец беше истакнат гастроентерохепатолог, наставник и стручњак во својата област

    Вчера во Скопје почина проф. д-р Дагмар Оровчанец, истакнат гастроентерохепатолог, наставник и стручњак во својата област. Таа е родена во Љубљана, дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград во 1980 година. Својата професиoнална кариера ја продолжува во Скопје на Клиниката за гастроентерохепатологија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде специјализира, докторира и супспецијализира во областа на гастроентерохепатологија

    ПрофДагмар Оровчанец како професор на Медицинскиот факултет во Скопје беше исклучително посветена на студентите. Од 2007 година таа беше дел од тимот на приватната болницата Ре Медика во Скопје.

    Таа важеше за исклучителен стручњак во својата област, ценет и почитуван колега, посветен наставник и, пред се, човек во вистинска смисла на зборот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира