Двајца мажи од Куманово попладнево починале од компликации предизвикани од коронавирус. Од Центарот за јавно здравје во Куманово за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека пациентите биле на 52-годишна возраст.
Едниот од нив бил заразен од минатата недела и се лекувал на Клиниката за инфективни болести во Скопје, а вториот пациент вчера го добил резултатот дека е позитивен и се наоѓал на домашно лекување. Денеска на двајцата им се влошила здравствената состојба и завршила фатално.
Едниот од починатите работел како полицаец, а вториот е свекор на родилката што се се породи на Клиниката за гинекологија во Скопје, чие бебето е негативно на коронавирус.
Со ова вкупниот број на починати во земјава стигна до 23.
С. НИКОЛИЌ