ПОЧИНАТИОТ ПРИТВОРЕНИК ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС ПРИ ПРЕГЛЕДОТ СЕ ЖАЛЕЛ САМО НА СРЦЕВИ БОЛКИ, ВЕЛАТ ОД УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ САНКЦИИ

    ПОЧИНАТИОТ ПРИТВОРЕНИК ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС ПРИ ПРЕГЛЕДОТ СЕ ЖАЛЕЛ САМО НА СРЦЕВИ БОЛКИ, ВЕЛАТ ОД УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ САНКЦИИСо избивањето на епидемијата, во казнено-поправните установи се забранети сите посети, викенди и излегување на лицата кои се осудени или притворени. (Фото: СДК.МК)

    Во истражниот затвор во Шутка починал притвореник од срцев удар, кој немал симптоми на коронавирус, а брисот земен пост-мортем покажал дека бил позитивен на КОВИД-19.

    Министерот за здравство Венко Филипче на денешната редовна пред-конференција кажа дека притвореникот во казнено-поправната установа дошол на 8 март и оти немал покачена температура, кашлица, болки во гради или кој било од симптомите на заразен со овој вирус.

    Директорот за извршување на санкции Јовица Стојановиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека случајот ќе се испита по сите прописи и протоколи за да се утврди како се заразил притвореникот, кога во затворите нема регистрирано ниту едно заразено лице со коронавирус, како меѓу лицата во притвор и осудените лица, така и меѓу вработените во сите затвори. И тој кажа дека починатиот бил прегледан кога бил примен пред еден месец и оти се жалел само на болки во срцето.

    Починатиот бил на мерка притвор како осомничен за измама со ресенските јаболка и пропаднат извоз во Русија.

    Филипче кажа дека во затворот се преземаат мерки за утврдување на евентуалните контакти на притвореникот кој всушност бил заразен со коронавирус, за изолација и надзор врз тие лица.

    Со избивањето на епидемијата, во казнено-поправните установи се забранети сите посети, викенди и излегување на лицата кои се осудени или притворени.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира