ПОЧНА ДА СЕ ИНСТАЛИРА АКЦЕЛЕРАТОРОТ НА ОНКОЛОГИЈА КУПЕН ПРЕД 7 ГОДИНИ, ЌЕ СЕ КОРИСТИ ПОСЛЕ 3 МЕСЕЦИ

    ПОЧНА ДА СЕ ИНСТАЛИРА АКЦЕЛЕРАТОРОТ НА ОНКОЛОГИЈА КУПЕН ПРЕД 7 ГОДИНИ, ЌЕ СЕ КОРИСТИ ПОСЛЕ 3 МЕСЕЦИДиректорката на Онкологија, д-р Виолета Клисаровска и министерот Меџити денеска го претставија акцелетаророт пред медиумите. (Фото: К. Попов)

    На Клиниката за онкологија во Скопје почна да се инсталира акцелетаророт кој беше купен пред 7 години, а се очекува да се користи за три месеци, кажа денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

    „По инсталација на новиот акцелератор оваа клиника ќе има четири акцелератори за потребите на пациентите со малигни болести“, кажа Меџити.

    Тој рече дека согласно предвидената динамика во која се опфатени фазите на инсталација на системот, мерења, калибрации и моделирања конечното пуштање во употреба се очекува да се реализира за период од три месеци.

    Министерот исто така информираше, како што соопшти агенцијата МИА, дека пред неколку дена завршени се и последните стручни консултации со претставници за КАТО системот за контрола на терапиите на пациентите,  пред објава на тендерот потребен за негово враќање во функција.

    „КАТО системот ќе се врати во функција со средства обезбедени со ребаланс на Буџетот, а со неговото ставање во функција ќе обезбедиме прецизно дозирање, безбедно чување на цитостатиците и долгорочна заштита од евентуални злоупотреби“, изјави Меџити.

    Во врска со прашањето кога би бил пуштен во употреба КАТО системот, тој рече дека иако не може да се каже со сигурност, се очекува да биде подготвен до јуни следната година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира