Синоќа на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа 30 македонски државјани кои беа евакуирани од Авганистан.
Тие првично беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, a оттаму беа транспортирани во Истанбул, па со комерцијален лет стигнаа во Скопје.
Министерството за надворешни работи претходно соопшти дека сите македонски граѓани се безбедно евакуирани од Авганистан и се очекува многу скоро да пристигнат дома.