Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт до Основниот суд Скопје 1 против едно лице за сторено кривично дело – Насилство во врска со нападот на Собранието на 27 април, соопшти утринава Јавното обвинителство. Лицето се товари дека за време на нападот во Собранието извршило грубо насилство, повлекувајќи за коса тогашната пратеничка Радмила Шеќеринска, сега министерка за одбрана, при што таа се здобила со тешка телесна повреда.За ова кривично дело, предвидена е казна затвор во траење од 3 до 10 години.
„По завршената истражна постапка, до Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесен и Обвинителен акт против осомничениот. Имено, лицето се товари дека за време на настаните во законодавниот дом извршило грубо насилство, повлекувајќи за коса пратеничка во македонското Собрание. Оштетената во настанот се здобила со тешка телесна повреда“, соопшти ова обвинителство.