ПОКАНЕТИТЕ СТРАНКИ МОРА ДА ДОАЃААТ ВО СУД, НА ШАЛТЕР ЌЕ ИМ СЕ КАЖУВА ДАЛИ НИВНОТО РОЧИШТЕ ЌЕ СЕ ОДЛОЖИ И ЗА КОГА

    ПОКАНЕТИТЕ СТРАНКИ МОРА ДА ДОАЃААТ ВО СУД, НА ШАЛТЕР ЌЕ ИМ СЕ КАЖУВА ДАЛИ НИВНОТО РОЧИШТЕ ЌЕ СЕ ОДЛОЖИ И ЗА КОГАСудница во Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    Најголемиот суд во земјава, Основниот суд Скопје 1 во следниот период ќе продолжи со судење само на итните и неодложни предмети. т.е. притворските и предметите со други мерки за обезбедување присуство на обвинетите, кривични предмети за кои постои опасност од застарување, кривични предмети кои се во фаза на донесување одлука како и сите други кривични предмети и обврски опфатени во објавената одлука на Судскиот совет.

    „Со цел заштита на странките во постапката и судските службеници од ширење на корона вирусот, судот ги известува сите граѓани кои имаат добиено писмена или усна покана за судење насрочено во следните 30 дена, дека на влезот од судската зграда од денеска, 18.03.2020 година, преку посреден контакт со судската полиција, односно преку шалтерот за прием, ќе бидат известени дали предметот за кои се повикани ќе се одржи, а ако не, ќе бидат известени кога ќе се одржи следно судење“, соопшти Кривичниот суд.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира