Од понеделник (11 март), секој граѓанин ќе може да си ја подигне готовата лична карта во полициската станица според местото на живеење, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Оттаму велат дека од анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса во Скопје заклучиле дека праксата која почна на крајот на јануари е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава.
„Затоа од понеделник, 11 март, започнува нов процес на издавање лични карти во просториите на месно надлежните полициски станици според местото на живеење на граѓанинот наведено во личната карта. Секој граѓанин ќе може да пристапи во кој било период од денот, секој ден во неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта“, велат од МВР.
Според Преспанскиот договор со Грција од 2017, со кој се реши 30-годишниот спор за името на земјава, личните документи мораше да се заменат со Северна Македонија до 12 февруари годинава.