Полицајци се излезени на терен во Агенцијата за филм, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР) за САКАМДАКАЖАМ.МК
„Добиена е пријава за нарушен јавен ред и мир и полициски службеници се излезени на терен да утврдат дали имало или немало нарушување. Повеќе информации ќе има во текот на денот“, вели МВР.
Пред зградата на Агенцијата за филм неколку часа стоeше паркирано возило на полицијата.
Директорката на Агенцијата, Даниела Станковска-Плачковска, неколку часа откако првично ја контактиравме, ни изјави дека станува збор за инцидент меѓу две вработени во Агенцијата и оти се надева дека недоразбирањето ќе биде брзо надминато.
На 31 јули Владата ја назначи Станковска-Плачковска за в. д. директорка на Агенцијата за филм.