Почесто присуство на полиција околу универзитетската хируршка клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје, реализирање и построга казнена политика, договориле на средбата Лекарската комора, Комората на медицински сестри, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за надворешни работи Оливер Спасовски, по вчерашниот напад на лекари и медицински персонал во оваа болница.
Од минатата недела наваму имаше повеќе физички напади врз лекари и медицински сестри, од кои некои беа со посериозни повреди.
„Баравме доследно применување на казнената политика и поригорозни казни, бидејќи ова мора да престане. Насилството не е решение и тоа баравме да важи еднакво за сите. Сите се сложивме околу ова, а првично договоривме засилено присуство на полиција пред ’Св. Наум Охридски‘, бидејќи таа е во централно градско подрачје и во последно време таа е најизложена на вакви случувања“, вели Калина Гривчева-Старделова, претседател на Лекарската комора.
Таа вели дека ова е првично што договориле, а во наредните денови ќе имаат и други средби.
„Ќе се договориме во текот на денот кои други институции треба да се вклучат и што понатаму“, вели Гривчева-Старделова.
Е. БОЧВАРОСКА