ПАК НАПАДНАТИ ЛЕКАРИ, ПРИДРУЖБА НА ПАЦИЕНТ ТЕПАЛА ВО БОЛНИЦАТА „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“

    ПАК НАПАДНАТИ ЛЕКАРИ, ПРИДРУЖБА НА ПАЦИЕНТ ТЕПАЛА ВО БОЛНИЦАТА „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“Ова е четврти напад на медицински персонал изминатава недела. - Болницата „Св. Наум Охридски“ (Фото: СДК.МК)

    Лекари, медицински сестри и болничари биле нападнати во раните утрински часови во болницата „Св. Наум Охридски“ од придружба на пациент, кој бил примен со повреда на раката. Вработените не се потешко повредени, а случајот е пријавен во полиција, вели директорот на болницата Иван Спировски, кој додава дека постојано имаат слични напади.

    „Во раните утрински часови бил нападнат персонал и полицијата од придружба на пациент, кој дошол со повреда на раката. Случајот е пријавен во полиција, иако вработените не се тешко повредени. Постојано имаме напади од придружба на пациенти, сѐ понервозни се луѓето“, ни изјави директорот Спировски.

    Ова е четврти напад на медицински персонал изминатава недела, откако претходно во Тетово беше претепан лекар до бессознание, а во Кавадарци и Драчево беа нападнати медицински сестри.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира