ПОЛИЦИЈАТА ДОБИ АПЛАУЗ ОТКАКО ГИ ПРОПУШТИ СТУДЕНТИТЕ ВО УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КОМПЛЕКС

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИЦИЈАТА ДОБИ АПЛАУЗ ОТКАКО ГИ ПРОПУШТИ СТУДЕНТИТЕ ВО УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КОМПЛЕКС

    Аплауз доби полицијата кога ги пропушти студентите да влезат на платото во комплексот на Универзитетот Кирил и Методиј каде што стигнаа по маршот низ скопските улици. Еден од претставниците на Студентскиот пленум им се заблагодари дека тие ја почитуваат автономијата на универзитетот, за разлика од нивните колеги кои синоќа брутално ги влечеа во просториите на Студентскиот парламент во близина на студенстскиот дом Кузман Јосифовски – Питу.

    Студенсткиот пленум поддржан од група професори вечерва бара поништување на изборите за претседател на СПУКМ, бараат изјаснување на Универзитетскиот сенат, Ректорската управа, Ректорот и на проректорите, од кои очекуваат остро да ги осудат вчерашните случувања и да не ги признаат срамните избори.

    Студентите бараат и објаснување за употребата на специјалната полициска единица со оклопни возила за време на синоќашниот мирен протест пред СПУКМ.

    Синоличка Трпкова, професор на Факултетот за драмски уметности вечерва порача дека сега е време сите професори да застанат во одбрана на автономијата на Универзитетот и да не се кријат.

    Кордон полиција и вечерва го обезбедуваше влезот на СПУКМ и не доволуваше никој да се приближи до зградата во која синоќа пред полноќ дојде до инцидент во кој имаше полесно повредени.

    Попладнево Ректорската управа на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ) закажа вонредна седница за в понеделник со почеток во 8 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари