ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА МОЖНА ДИВЕРЗИЈА ВО РЕК БИТОЛА?

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА МОЖНА ДИВЕРЗИЈА ВО РЕК БИТОЛА?

    Полицијата потврди дека го истражува денешниот испад на сигурносните вентили во Блок 1 во РЕК Битола, енергетскиот стожер на Македонија. Од битолската полиција потврдија дека полицајци постапуваат по пријава во комбинатот, но не прецизираа за каква пријава се работи.

    Од комбинатот најавија дека ќе испратат официјално соопштение за тоа што всушност се случува во РЕК.

    СДСМ од Битола денеска соопшти дека дека раководството на комбинатот се сомнева оти станува збор за хаварија, па повика полиција да го истражи случајот.

    „Денес во РЕК Битола има инспектори кои вршат увид на местото на денешната хаварија. Станува збор за хавариски испад на сигурносни вентили на Блок 1 кој не работеше скоро два месеца. Раководните кадри на РЕК Битола ги обвинуваат вработените дека станува збор за диверзија за што е повикана и полиција, па сега дел од вработените во Блок 1 се повикани на испитување, земаат изјави, отпечатоци, односно се преземаат сите полициски мерки како во кражба на банка“,  изјави Блaгојче Котевски од СДСМ Битола.

    Пред неколку дена РЕК „Битола“, кој обезбедува 80 проценти од производството на струја во земјава, во еден ден остана без функција на трите блока. По краток застој едниот од блоковите беше пуштен во работа, а од другите два, едниот е во редовен ремонт, а другиот е надвор од електроенергетскиот систем поради поволна хидролошка состојба .

    Во РЕК, во вторникот беа повредени тројца работници ангажирани на ремонт на првиот блок. Додека заварувале цевковод работниците вдишале јаглерод моноксид и во состојба на безсознание биле пренесени во Клиничката болница во Битола. Работниците сега се чувствуваат подобро и се пуштени на домашно лекување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари