ПОЛИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА СО СОСЛУШУВАЊА, ВО БИТОЛА НАЈМАСОВЕН ПРОТЕСТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА СО СОСЛУШУВАЊА, ВО БИТОЛА НАЈМАСОВЕН ПРОТЕСТ

    Полицијата со информативните разговори не ги исплаши битолчани. Тие вечерва најмасовно излегоа на протестот на кој побараа оставка од власта. Поворката од Офицерскиот дом преку Широк Сокак се движеше до општина Битола.

    Иако дел од присутните  денес и вчера беа повикани на распит поради боење на општината и судовите, и вечерва во Битола беше шарено. Демонстрантите ја обоија зградата на јавното обвинителство зашто од полиција рекоа дека распитите биле направени по барање на обвинителството.

    Демонстрантите пред општина Битола поставија макета во вид на зграда која го асоцираше проектот на градоначалникот Владимир Талески наречен Златен рид. Во него за изградба на згради беше уништен голем зелен појас во старата битолска касарна.

    Нема точна бројка колку демонстранти од Шарената револуција беа на распит, но покани и понатаму се носат. Утре ќе следуваат нови информативни разговори. Според одредени информации на информативен разговор биле повикани повеќе од 40 граѓани.

    Од СВР Битола официјално  не откриваат колкав е бројот на сослушани учесници во Шарената револуција, но велат дека немало потреба од втора смена сослушувачи.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира