ПОЛИЦИЈАТА СЕ СПРЕМА ЗА ПРОТЕСТОТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИЦИЈАТА СЕ СПРЕМА ЗА ПРОТЕСТОТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    Полицијата почна ги мести оградите за попладневниот протестен собир на Шарената револуција за поддршка на Специјалното јавно обвинителство, предизвикувајќи сообраќајна гужва во центарот на Скопје.

    Шарената револуција денес во 17 часот најави собир за поддршка на СЈО пред Собранието на Македонија и во повикот објавен на социјалните мрежи стои дека институцијата повторно е под напад на режимските гласноговорници.

    „Власта со која сè уште управува обвинетиот Груевски, ја користи секоја можност за да ја блокира работата на оваа институција. Судиите од тефтерот на Горде продолжуваат да ги одбиваат барањата за притвор, го укинаа единственото што беше прифатено и го вратија едниот обвинителен предлог што СЈО го поднесе до кривичното одделение, поради причина која не им е проблем кога постапуваат по предметите на Зврлевски. Уставниот суд сè уште нема закажано седница на која ќе се разгледува иницијативата за уставноста на СЈО. Пратениците од ДПМНЕ одбиваат секаква поддршка за СЈО. Одбиваат да ги донесат потребните законски измени за заштита на сведоци и на свиркачи, одбиваат да го продолжат рокот за работење на СЈО, а собраниската говорница ја користат само за дискредитација на Катица Јанева и на институцијата што таа ја претставува“, пишува во повикот за собир на Шарената револуција објавен на Фејсбук.

    Во меѓувреме, во Собранието е во тек седницата на Комисијата за политички систем на која се разгледува шестмесечниот извештај за работата на СЈО. Седницата почна минатата среда.

    Денеска е закажана и собраниска седница, каде на дневен ред се извештаите за работата на Специјалното јавно обвинителство и на Јавниот обвинител Марко Зврлевски, но сѐ додека не заврши комисиската расправа, извештаите не може да бидат разгледани на собраниска пленарна седница и да бидат усвоени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира