ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА ПРЕТРЕСИ ЗА ДА СПРЕЧИ МОЖЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА ИСИС

    ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА ПРЕТРЕСИ ЗА ДА СПРЕЧИ МОЖЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА ИСИССо партнерска земја биле разменети оперативни сознанија во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија, велат од МВР. (архивска фотографија)

    Полицијата извршила претреси на неколку локации низ државата при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можен напад на терористичката организација ИСИС, соопшти вечерва МВР.

    Без да прецизираат кога се случиле претресите и дали има приведени, од МВР велат дека изготвиле план на мерки и активности со цел попречување на терористичкиот напад, за кој што добиле, како што соопштија, оперативни сознанија од партнерска земја во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС.

    „Министерството за внатрешни работи спроведе оперативно-тактички мерки со цел идентификација на можните организатори, логистичари и потенцијалните извршители на нападот. Со цел попречување на терористичкиот напад и остварување на превентивната функција, Министерството за внатрешни работи изготви план на мерки и активности, за што обезбеди соодветни наредби за нивно спроведување. По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени се претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад“, се вели во соопштението.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира