Полицијата во паркот „Жена-борец“ е во сендвич од демонстранти. Кордон полицајци е поставен околу споменикот на Прометеј, а пред нив, на булеварот и зад нив во паркот има демонстранти.
„Кого браните за 15-20.000 денари плата?! Тргнете се “, им довикуваат демонстрантите на полицајците кои го обезбедуваат споменикот.
Бројот на демонстранти пред Собранието почна да се намалува, а се повлекоа и водените топови. Застанаа на улицата Даме Груев.
Полицијата го спречи обидот на демонстрантите да го урнат споменикот на Прометеј и остана да го обезбедува.