ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО УШТЕ ШЕСТ ОСОМНИЧЕНИ ЗА 27 АПРИЛ

    ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО УШТЕ ШЕСТ ОСОМНИЧЕНИ ЗА 27 АПРИЛВо последните 24 часа се приведени шест лица. - Оливер Спасовки (Фото: СДК)

    Полицијата сѐ уште трага по шест лица осомничени за учество во организираниот напад во Собранието на 27 април, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    „Вчера беа 12, а сега уште шест лица остануваат недостапни за органите на прогонот. Во последните 24 часа се приведени шест лица, по налог на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција“, кажа министерот Спасовски.

    Тој додаде дека налозите за претрес важат 15 дена и дека полицијата продолжува да постапува по нив.

    Обвинителството оваа недела објави дека отворило истрага против 36 лица за случувањата од 27 април, вклучувајќи ги поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и шест пратеници во Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира