Министерството за внатрешни работи одзеде четири коли кои се користеле за диви трки низ Скопје. Одземени се возила „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“ кои на 17 март дивееле на булеварот Трета Македонска бригада во Скопје.
„По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички преглед, две од овие возила се времено одземени по член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај во времетраење од 90 дена, односно затоа што создавале голема бучава. Против двајца возачи на другите две патнички моторни возила поднесени се прекршочни платни налози за техничка исправност и вградени фолии“, велат од МВР.