ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД ПОЛНОЌ, СЕ ОТВОРААТ ФИТНЕС ЦЕНТРИТЕ, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД ПОЛНОЌ, СЕ ОТВОРААТ ФИТНЕС ЦЕНТРИТЕ, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИМинистерот ќе ги предложи новите мерки на Главниот координативен кризен штаб во Владата, како што вели, „врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Полицискиот час да трае од полноќ до пет наутро, кафеаните, само на отворено, да работат до 23.30 и да се отворат фитнес центрите и теретаните, предлага Комисијата за заразни болести нови полабави мерки, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

    Министерот ќе ги предложи новите мерки на Главниот координативен кризен штаб во Владата, како што вели, „врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата“.

    Со новите мерки ќе се доволи и организирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно со присуство на 30 % од целосниот капацитет.

    Капацитетот на градинките се зголемува од 15 на 20 деца во групи

    Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и да земат нови годишни одмори.

    Во земјава се намалува бројот на заболени и хоспитализирани од ковид-19, но смртноста и натаму останува голема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира