ПОЛСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КЛЕКНА ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ

    ПОЛСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КЛЕКНА ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИЈа искористи посетата на Скопје да учествува во одбележувањето на 75-годишнината од депортацијата на македонските Евреи. - Јацек Чапутович (Фото: Ѓ. Личовски)

    Полскиот министер за надворешни работи Јацек Чапутович им се поклони на жртвите на прогонот на македонските Евреи, при што клекна и се помоли пред споменикот, што се наоѓа во рамките на Тутунски комбинат.

    Тој ја искористи посетата на Скопје да учествува во одбележувањето на 75-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Втората светска војна, заедно со Зоран Заев и со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Чапутович притоа единствен клекна пред споменикот.

    Гестот на Чапутович уследи само една недела откако Полска го усвои контроверзниот Закон за Холокаустот, што предизвика широка осуда од меѓународната јавност. Според овој закон, за кривично дело ќе се смета ако некој, каде било во светот, ја обвини полската нација за соучество во злосторствата што ги извршиле нацистите за време на Втората светска војна.

    Законот, меѓу другото, забранува нацистичките концентрациони логори, што биле отворени во окупираната Полска, да се именуваат како „полски логори“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира