ПОНЕСЕНА ОД ЕМОЦИИ НЕНАМЕРНО ИЗОСТАВИВ ДЕЛ ОД ХИМНАТА, ТАМАРА СЕ ИЗВИНИ ЗА УТКАТА НА ПРИЕМОТ ЗА 4 ЈУЛИ

    ПОНЕСЕНА ОД ЕМОЦИИ НЕНАМЕРНО ИЗОСТАВИВ ДЕЛ ОД ХИМНАТА, ТАМАРА СЕ ИЗВИНИ ЗА УТКАТА НА ПРИЕМОТ ЗА 4 ЈУЛИ„Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната.Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната“, напиша Тодевска на својот Фејсбук профил. (Фото: К.Попов)

    Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната, напиша на својот Фејсбук профил Тамара Тодевска откако синоќа на приемот во Амбасадата на САД, на прославата на Денот на независноста – 4 јули испушти да испее четири стихови од официјалната химна.

    Во објавата на Фејсбук Тамара се извини и побара да ѝ биде простена оваа ненамерна грешка.

    „Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка. Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД. Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната.Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната“, напиша Тодевска.

    Тодевска синоќа го испушти делот со „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“ по „Одново сега знамето се вее, на Крушевската република!“, а во нејзината изведба го немаше ниту делот „Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници!“, пред „Македонија слободна, слободно живее!“.

    Место тоа, Тодевска испеа „Старо младо машко и женско, на нозе се кренало!“ и „Не плачи Македонијо мајко мила, Крени глава гордо високо“, стихови од стари верзии на химната.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира