ПОПИСОТ ЗАВРШИ, ПОПИШАНИ 1.832.696 ГРАЃАНИ

    ПОПИСОТ ЗАВРШИ, ПОПИШАНИ 1.832.696 ГРАЃАНИДиректорот на ДЗС Симовски рече дека бројката на оние што одбиле да се попишат е занемарувачка и за нив ќе бидат покренати постапки. - Попишувач на терен (Фото: СДК.МК)

    Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски вечерва соопшти дека пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија заврши, а попишани се 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови.

    Од дијаспората, самопопишани се 204.805 македонски државјани.

    Симовски рече дека бројката на оние што одбиле да се попишат е занемарувачка и за нив ќе бидат покренати постапки. Резултатите од пописот се очекува да бидат објавени во рок од шест месеци, односно до крајот на март следната година.

    „Пописот е целосно успешно спроведен. Земјава покажа дека има капацитет да спроведе ваква тешка статистичка операција. Сите домови беа посетени, сите граѓани беа дел од пописот, а оние кои не беа опфатени, а се дел од базите на податоци, ќе бидат дел од пописот“, изјави Симовски на прес-конференција.

    Ова е прв завршен попис во земјата по 2002 година, кога беа попишани 2.022.547 граѓани.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира