ПОРАДИ АБОЛИЦИЈАТА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ МАСОВНО БАРААТ ПОМИЛУВАЊЕ ОД ИВАНОВ

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Скопје,(САКАМДАКААЖАМ.МК)

    ПОРАДИ АБОЛИЦИЈАТА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ МАСОВНО БАРААТ ПОМИЛУВАЊЕ ОД ИВАНОВ

    Во затворот “Идризово”, но и во штипскиот затвор, затворениците вчера цел ден се потпишуваа на барања за намалување на нивните казни.  Списоците треба кон крајот на денот, преку затворската управа да му бидат однесени на претседателот Ѓорге Иванов.
    Откако Иванов помилува 53 политичари, нивни соработници и тројца обвинители во најголемиот затвор во Македонија се надеваат дека претседателот Иванов нема да ги остави нив во графата „граѓани од втор ред“ и оти и нив ќе им ги намали казните, односно ќе ги помилува.
    Пред комисијата за помилување на шефот на државата претседателот веќе има список од 100-ина осуденички од затворот “Идризово”, кои чекаат одговор од Иванов.
    На списоците не се потпишуваат затвореници кои се пред истекување на затворските казни. Неофицијално, од вкупно 3.152 осудени лица, до синоќа 1.803 ставиле потпис на списокот кој ќе биде испратен до Иванов.
    “Осудените лица кои бараат помилување се скромни, не бараат да им се прости казната, зависно од затвор до затвор бараат таа да им се намали од 30 до 50 проценти. Не може да се шпекулира ете, криминалците од затвор бараат да се пуштат надвор. Овие осудени луѓе си ја признаваат вината. Свесни се дека згрешиле и бараат само намалување на казната. Треба да се има милост ако ги споредиме со оние на кои им е дадена. Ако имаше доблест да го направи она што го направи претседателот со политичарите, мислам дека и овие луѓе заслужуваат претседателска милост”, вели адвокатот Звонко Давидовиќ.
    Затворениците посочиле дека доколку нивното барање не биде разгледано во разумен рок, тие ќе ги искористат сите законски можности за вршење притисок, а ако треба и ќе штрајкуваат со глад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира