ЛАЖНИ СЕ ПОРАКИТЕ ЗА ПОСТАВЕНИ БОМБИ ШТО ГИ ДОБИЛЕ ОСНОВНИТЕ ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ И КУМАНОВО, ВЕЛИ ПОЛИЦИЈАТА

    ЛАЖНИ СЕ ПОРАКИТЕ ЗА ПОСТАВЕНИ БОМБИ ШТО ГИ ДОБИЛЕ ОСНОВНИТЕ ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ И КУМАНОВО, ВЕЛИ ПОЛИЦИЈАТАЧасови навечер нема, откажани се сите активности на децата во попладневните часови како пливање, кошарка, играорни групи, ракомет и други тренинзи. (Фото:СДК.МК)

    Основните училишта од Скопје и од Куманово вечерва околу 18 часот во СВР Скопје, односно во СВР Куманово пријавиле дека добиле е-пошта со закана за поставени експлозивни направи. По петчасовни проверки Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека дојавите се лажни.

    „Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на е-пошта адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави“, соопшти МВР околу 23.15 часот.

    Екипи на полицијата на терен и ги прегледуваа училиштата за да се утврди вистинитоста на заканите и да се обезбеди безбедноста на учениците и на наставниот кадар.

    Часови во тоа време немаше, откажани се сите активности на децата во попладневните часови како пливање, кошарка, играорни групи, ракомет и други тренинзи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира