ПОРАНЕШЕН ВРАБОТЕН МУ ЈА ЗАПАЛИЛ КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ДИРЕКТОРОТ НА СТУДЕНСКИОТ ДОМ „ПЕЛАГОНИЈА“ АГИМ ФЕЈЗУЛАХУ

    ПОРАНЕШЕН ВРАБОТЕН МУ ЈА ЗАПАЛИЛ КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ДИРЕКТОРОТ НА СТУДЕНСКИОТ ДОМ „ПЕЛАГОНИЈА“ АГИМ ФЕЈЗУЛАХУОд скопската Пожарна велат дека по добиената пријава веднаш интервенирале со две возила и не дозволиле пожарот да се прошири во студентскиот дом. (Фото: К. Попов)

    Поранешен вработен во студентскиот дом „Пелагонија“ (Н.Ј) му ја запалил канцеларијата на директорот Агим Фејзулаху. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи на палењето му претходела расправија меѓу двете лица.

    Директорот на студентски дом во населба Кисела Вода (А.Ф.) пријавил дека на работното место, по претходна расправија, Н.Ј., кој бил поранешен вработен во домот, заедно со уште едно лице, фрлиле запалива течност при што настанал пожар. Повредени лица до моментот на пријавувањето нема, а пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Полициски службеници се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за негово расчистување“, велат од МВР.

    Од скопската Пожарна велат дека по добиената пријава веднаш интервенирале со две возила и не дозволиле пожарот да се прошири во студентскиот дом. Запален и оштетен е канцелариски мебел и документација.

    Директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ Агим Фејзулаху не сакаше да каже кои се причините поради кои му е запалена канцеларијата. Ни рече дека дава исказ на полиција и не може да зборува.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира