Поранешниот заменик-министер за здравство д-р Арменд Арслани е нов директор на Струшката болница, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот завчера го разреши претходниот директор, д-р Мухамед Асани. Случајот за Асани го пријави пациентка од Дебар, која при породувањето со царски рез кој го вршел Асани во Струшката болница остана без матка, јајник и бубрег, а докторот целата бременост ѝ ја водел во дивата ординација дома.
Филипче кажа дека вчера донел решение за формирање Комисија за вршење на надзор на стручната работа на ЈЗУ ОБ Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката Ј. В.
„Пред два дена ја формирав комисијата, која сега треба да почне со стручниот дел од работата. Не сакам да невлегувам во анализата како се изведувале интеревнциите. Во комисијата се директорите на клиниките за Урологија, Гинекологија, КАРИЛ и на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ). Комисијата има задача да изврши надзор над стручната работа на ЈЗУ ОБ Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката “, рече Филипче.
Б. НЕСТОРОСКА