ПОСКАПУВА ПАРТИЦИПАЦИЈАТА ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ, НАМЕСТО 40, ЌЕ ЧИНИ 60 ДЕНАРИ, КАЖА КЛЕКОВСКИ

    ПОСКАПУВА ПАРТИЦИПАЦИЈАТА ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ, НАМЕСТО 40, ЌЕ ЧИНИ 60 ДЕНАРИ, КАЖА КЛЕКОВСКИКлековски кажа дека после десетгодишно одложување, одлучиле да ги зголемат референтните цени за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет во здравствените установи. (Фото: К. Попов)

    Здравствена услуга за која сега граѓанинот плаќа 40 денари, од 1 јануари ќе чини 60 денари, најави денеска Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) на средбата со медиумите.

    Клековски кажа дека после десетгодишно одложување, одлучиле да ги зголемат референтните цени за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет во здравствените установи во јавниот и во приватниот сектор. Специјалистички преглед спрема ценовникот на Фондот досега беше 380, сега е зголемен на 720 денари.

    „Ќе има симболично зголемување на партиципацијата за граѓаните,  зборуваме за зголемување од десетина денари. Да појаснам, тоа нема да бидат нови пари кои ќе ги добијат здравствените установи, туку само ќе се промени процентот на реализација. Они фактурираат услуги кон нас, најголем дел од нив се под 80 отсто оправдување на буџетот со завршена сметка. Поплаката беше дека не можат да го исполнат буџетот затоа што се преевтини услугите. Сега ги зголемуваме цените и така даваме можност да се валоризира работата“, рече Клековски.

    Меѓудругото, специјалистички преглед со земање на брис, досега установата ја чинел 400 денари, а сега ќе чини 750 денари, општ ургентен пакет од 780 се поскапува на 2.450 денари, а ехо на еден орган од 300, поскапува на 670 денари.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира