ПОСТ-КОВИД ТЕРАПИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ФИЗИКАЛНА МЕДИЦИНА СЕ ЗАКАЖУВА ПРЕКУ „МОЈ ТЕРМИН“

    ПОСТ-КОВИД ТЕРАПИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ФИЗИКАЛНА МЕДИЦИНА СЕ ЗАКАЖУВА ПРЕКУ „МОЈ ТЕРМИН“На процесот на рехабилитација работи тим од специјалист физијатар, специјалист интернист и физиотерапевти. (Фото: Министерство за здравство)

    На Институтот за физикална медицина и рехабилитација отворен е еден оддел кој е наменет за пациенти за пост-ковид рехабилитација, поради долгорочните последици кои ги остава инфекцијата, соопшти Министерството за здравство. На процесот на рехабилитација работи тим од специјалист физијатар, специјалист интернист и физиотерапевти.

    „Рехабилитацијата на овие пациенти трае различно, во зависност од тежината на клиничката слика и последиците кои болеста ги оставила кај пациентот, но во просек од 2 до 4 недели. Најголемиот дел од пациентите покажуваат значително подобрување на респираторната функција, олеснување на анксиозноста и депресијата, намалување на компликациите, намалување на попреченоста, побрза вертикализација и оспособување за побрзо и поефективно враќање кон секојдневните животни функции“, вели д-р Маја Манолева, директорка на Институтот.

    Пациентите кои биле лекувани во домашни услови или се веќе испишани од Инфективните одделенија, но се уште чувствуваат слабост и имаат проблеми со компликациите од болеста, можe да се јават на преглед во Институтот преку „Мој термин“, но и преку амбулантите во установата.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира