ПОСТАПКАТА ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ ТРЕБА ДА ПОЧНЕ ВО ЈУНИ, НАЈАВИ ЏАФЕРИ

    ПОСТАПКАТА ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ ТРЕБА ДА ПОЧНЕ ВО ЈУНИ, НАЈАВИ ЏАФЕРИЏафери смета дека нема потреба за седница за односите со Бугарија на која би реферирал министерот за надворешни работи Бујар Османи. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска најави дека постапката за уставни измени би требало да започне најдоцна во јуни-јули годинава и да заврши до ноември, кога е предвидено и да заврши скринингот на ЕУ. Уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот се услов за продолжување на пристапните преговори со ЕУ по завршување на скринингот.

    На денешниот брифинг со новинарите, Џафери рече дека избори нема да помогнат да се обезбедат 80 гласови за уставните измени, туку, напротив, ќе ја искомплицираат работата. Тој смета дека проблемот може да се надмине ако седнат да разговараат власта и опозицијата.

    Собранискиот спикер се пожали дека парламентот речиси и да нема кворум за работа, но вели дека тој може само да создаде услови за работа, бидејќи тоа е единствена негова одговорност.

    „Деловникот не вика дека има посебни права и обврски на мнозинството и посебни права на опозицијата, обврска е за секој пратеник да биде на работно место и право да одлучува по односните прашања а како ќе се однесуваат пратениците тоа си е веќе нивна одговорност“, кажа Џафери.

    Џафери смета дека нема потреба за седница за односите со Бугарија на која би реферирал министерот за надворешни работи Бујар Османи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира