ПОСТАВЕН СПОМЕНИК НА ЃОРГЕ ИВАНОВ КАЈ АМЕРИКАНСКАТА РЕЗИДЕНЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОСТАВЕН СПОМЕНИК НА ЃОРГЕ ИВАНОВ КАЈ АМЕРИКАНСКАТА РЕЗИДЕНЦИЈА

    Кордон од полиција во близина на резиденцијата на амерканскиот амбасадор на Водно го сопре движењето на Шарената револуција чии учесници тргнаа кај претседателот Ѓорге Иванов. На блокадите демонтрантите поставија голем портрет од Претседателот, за кој објаснија дека е споменик на претседателот – фикус. Го обоија на ист начин како што ги бојат фасадите, а пред шарениот портрет направија импровизирана бина. „Тој спие во арам, во наше. Ова е собир кој ќе продолжи, нема да ни падне кондицијата“, порачаа демонстрантите.
    Пред американската резиденција студентка на албански и на македонски јазик цитираше делови од книга од Ѓорге Иванов кои се однесуваат на правото и демократијата.
    „Окото е она што гледа се што се случува, па професоре, ние сме окото на демократијата“, му порача студентката.
    Тука се пуштаа и бомби од апсењето на Љубе Бошкоски се скадираше „Криминалци“, „Нема правда нема мир“, „Оставка“, „Лопови“.
    Шарените револуционери тргнаа кон резиденцијата на Претседателот Ѓорге Иванов на Водно за да го потсетат дека „Ќе има правда и ќе има мир“. Во вообичаеното време, 18 часот тие се собраа пред Специјалното јавно обвинителство. Носат транспаренти на кои пишува Шарената револуција не признава фикус аболиција“, „Стоп за употребата на притворот како мерка на заплашување“, носат и голем портрет од Љубе Бошкоски на кој пишува „Избери слобода“, а маички со истиот портрет и со истата порака носат и неколкумина демонстранти. Зад себе на асфалтот испишаа „Бојата е идеја“.
    Тема на вечерашниот протест е аболицијата на Претседтелот Ѓорге Иванов. Демонстрантите имаат кратка порака „Никој не е над законот! На режимот не може да му се прости за криминалите што се направени! Протестирам не ја признава аболицијата!“.
    Движењето „Протестирам“ организира демонстрации ширум Македонија од 12 април. Демонстрантите бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари