ПОСТХУМНО ОДЛИКУВАНИ ШЕСТ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ КОИ ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУС

    ПОСТХУМНО ОДЛИКУВАНИ ШЕСТ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ КОИ ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУСОдликувањата беа врачени по повод по повод Меѓународниот ден на медицинските сестри и Неделата на сестринството. (Фото: Министерство за здравство)

    Шесте медицински сестри кои починаа во ковид пандемијата денеска беа постухмно беа одликувани, по повод Меѓународниот ден на медицинските сестри и Неделата на сестринството.

    Министерот за здравство Беким Сали, на настанот организаран од Унијата на здруженија на медицински сестри искажа длабока почит кон нив и рече дека тие починале вложувајќи го својот живот во грижата за пациентите и спасување на нивните животи.

    „Годинешното мото ‘Глас што води’ уште еднаш ја потенцира нивната важност во здравствениот систем, а искуства, вештини и знаења ни се потребни за заеднички да креираме политики, кои од една страна ќе значат унапредување на статусот на медицинските сестри, а истовремено тоа ќе значи и позадоволни пациенти. Преку заемна доверба, почит и работа заеднички можеме значително да го унапредиме статусот на медицинските сестри, зашто тие тоа го заслужуваат“, рече министерот Сали на одбележувањето во Градскиот парк во Скопје.

    Од почетокот на пандемијата досега, во земјава од коронавирус починаа 37 здравствени работници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира