ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ СО ГРЦИЈА

    ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ СО ГРЦИЈАДоговорот насловен како „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните“ го потпишаа министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија Никос Коѕијас и Никола Димитров - (Фото: Влада на РМ)

    Договорот за решавање за спорот за името со Грција пред малку се потпиша во селото Псарадес (Нивици) на грчката страна Преспанското езеро.

    Договорот насловен како „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните“ го потпишаа министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија Никос Коѕијас и Никола Димитров.

    Со договорот се предвидува:

    • Име – Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба и ќе се прецизира со амандман во Уставот
    • Јазик – македонски без фуснота – потврден од ООН
    • Националност – македонска/граѓани на Северна Македонија (Macedonian/Citizens of North Macedonia)
      Новото име Република Северна Македонија ќе почне да се употребува на меѓународен план откако договорот со Република Грција ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји
    • На внатрешен план новото име на земјата ќе се употребува по отворање на поглавјата за преговори за членство во ЕУ, но не подоцна од пет години од потпишување на договорот
    • Договорот станува валиден кога ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји
    • По уставните промени, кои ќе следат по евентуален успешен референдум, договорот се ратификува во парламентот во Грција. При тоа ќе се ратификува и договорот за името, но и протоколот за полноправно членство на Македонија во НАТО. Оттогаш почнува меѓународната употреба на новото име.
    • На 28 јуни годинава, Македонија треба да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија,
      Кодовите за Македонија остануваат мк и мкд.
    • На 12 јули на самитот на НАТО Македонија да добие покана за членство во алијансата како нејзина 30-та членка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира