ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ МИСАЈЛОВСКИ ОБЈАВИ ДЕКА Е ФРЛЕНА ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА ВО НЕГОВАТА ПЕКАРА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

    ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ МИСАЈЛОВСКИ ОБЈАВИ ДЕКА Е ФРЛЕНА ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА ВО НЕГОВАТА ПЕКАРА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВОд полицијата потврдија дека постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна направа и работат на расчистување на случајот. (Фото: Фејсбук)

    Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски утринава на Фејсбук објави дека во неговата семејна пекара во Ѓорче Петров е фрлена експлозивна направа и е причинета материјална штета, без повредени. Од полицијата потврдија дека постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна направа.

    „На 21.06.2020 во 03.40 часот било пријавено дека на улица Ѓорче Петров излегува чад од пекара сопственост на Б.М. (62), а претходно се слушнало детонација. По пристигнување на полициските службеници на местото на настанот забележано е дека влезната врата е целосно извадена од лежиштето и причинета е материјална штета, па постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна направа. Повредени нема. Се работи на расчистување на случајот”, велат од МВР.

    Во октомври 2017 година се запали семејната куќа на Мисајловски. Куќата се наоѓа веднаш до објектот на фурната која што со години е на семејството Мисајловски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира