Вкупно 23 службеници, 14 полицајци и девет припадници на АРМ се повредени во судирот на полицијата и мигрантите на македонско-грчката граница, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Во текот на судирот биле оштетени три возила на МВР и пет на АРМ.
Според првичните процени на МВР во нередите учествувале повеќе од 3.000 мигранти, а во текот на целиот настан, грчките полициски службеници воопшто не интервенирале во спречување на нередите на граничната линија.
Од хуманитарната организација „Лекари без граници“ соопштија дека во немирите биле повредени околу 260 мигранти и дека испратиле дополнителни тимови да им помогнат во кампот за бегалци Идомени.