ПОВЛЕЧЕН ОД ПРОДАЖБА СОКОТ ОД ЈАБОЛКО НА „ХИП“ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД ПРИСУСТВО НА ТУЃО ТЕЛО

    ПОВЛЕЧЕН ОД ПРОДАЖБА СОКОТ ОД ЈАБОЛКО НА „ХИП“ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД ПРИСУСТВО НА ТУЃО ТЕЛОПотрошувачите кои го имаат купено сокот да не го употребуваат, односно да го вратат на местото каде е купен, велат од АХВ. (Фото: АХВ)

    Се повлекува од продажба сокот од јаболка за деца на „Хип“ поради постење опасност од присуство на туѓо тело, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Агенцијата информацијата ја добила преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија.

    Утрово, врз основи на извршена вонредна инспекциска контрола, АХВ на компанијата увозник ѝ издаде решение и ѝ забрани пуштање во промет на небезбеден производ – органски био сок од јаболко, во пакување од 0,2 литри, со лот А98967, од брендот „хип“ (HIPP), со рок на траење 31.10.2023.

    Бидејќи како небезбедна се смета целата серија од овој производ, на увозникот му е наредено да изврши и повлекување/отповикување на овој производ со наведениот лот од прометот. Се повикуваат потрошувачите кои го имаат купено посочениот производ истиот да не го употребуваат, односно да го вратат на местото каде е купен“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Од Агенцијата додаваа дека секоја недоследност за безбедноста на храната може да се пријави лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира